Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонијa, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ширење на коронавирусот и за справување со пандемијата со Ковид -19.