Ивана Дамческа од Прилеп (15) е девојче од кое многу нејзини врсници треба да учат. Нејзината благородна и чиста душа, полна емпатија досега ја однела на многу места каде се уверила дека не сите деца ја имаат привилегијата да бидат здрави, среќни и насмеани и да живеат во хармонично семејство. Токму тоа ја натерало да размислува нејзината коса која са чувала уште од мала да ја скрати и да ја донира за да се направи перика што поради болест ја изгубило својата.
„Ја чував од мала, уште кога имав четири години и никогаш досега сум немала желба да ја скратам. Откако потпораснав оттогаш ми дојде идеја да ја донирам. Гледав разни видеа со тажни детски судбини и си реков можеби за мене ова е ништо ама за некое детенце е многу. Ако со мојата коса успеам да избришам детска солза е преубаво. Навистина гледајки ги видеата како се радуваат болните дечиња ми беше полна душа од радост дека ќе можам да насмеам некое дете“, вели Ивана, која сега има коса до над раменици, бидејки пресече плетенка долга 53 сантиметри.
Повеќе околу оваа хумана акција на Ивана може да прочитате ТУКА.