Уапсени се двајца малолетници од Прилеп откако кај нив во Охрид била пронајдена марихуана.
„На 31.07.2020 во 23.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана, лишени од слобода се две 16 годишни лица од Прилеп. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.