Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за нови цени на горивата од ноќеска на полноќ.

 

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 60 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 62 денари за литар.

 

Малопродажната цена на „еуродизел“ се намалува за половина денар и со тоа малопродажната цена од ноќеска на полноќ изнесува 52,50 денари за литар.

 

Екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар за литар и од полноќ истото ќе се продава по 52 денари за литар. Мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 денари за килограм и од вечерва на полноќ ќе се продава за 25,709 денари за килограм.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи