390 казни за неносење маски – 36.626 казни за три месеци

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Полицијата во текот на изминатото деноноќие казнила 390 граѓани поради неносење на заштитна маска. За само три месеци, односно од почетокот на мај, до денес, МВР на територија на државава во услови на пандемија со ковид-19 регистрирало 36.626 непочитувања на наредбата за носење на заштитна опрема.

 

И покрај постојаните препораки, апели и задолжувања за носење на маски, граѓаните според статистиката на МВР не го почитуваат тоа, а полицијата секојдневно е со полни раце работа за пишување на казни. Бројките, а и сликата од терен покажуваат дека ниска е свесноста кај граѓаните за заштита од ковид-19.

 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел  справување со ковид -19.  

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи