ВИДЕО – Плетвар станува новиот центар за алтернативен туризам во Прилеп – „Pletvar outdoor festival 2020“

ИЗВОР: СИТЕЛ

Плетвар аутдор фестивалот“, годинава ќе се одржи за прв пат од 28 до 30 август.Организатори на оваа манифестација се спелеолошкиот клуб од Прилеп, „Златоврв“ и извидничкиот одред „Феникс“. Организаторите велат дека целта на овој фестивал е да се забавуваат сите возрасни категории од 7 од 77, но што точно ќе се случува во овие 3 дена, од 28 до 30 август, ќе ни кажат Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија и член на спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп и Ана Плетварец од извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп.

 

 

Ана како дојде до таа соработка помеѓу извидничкиот одред „Феникс“ и спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и како се роди идејата за организација на овој прв ваков аутдор фестивал на Плетвар?

 

Нашата соработка со спелеолошкиот клуб „Златоврв“ започна неодамна, пред околу 1 месец. Имавме најпрво некои активности само за нашите членови, видовме дека се доста атрактивни и потоа одлучивме да направиме еден отворен ден во халата Металец, каде што сите граѓани на Прилеп, сите млади и стари ќе може да дојдат, да се забавуваат и да научат нешто за активностите на отворено. Тој настан навистина ги руши сите наши очекувања, имаше навистина голем број на посетители, сите млади се забавуваа, дури имаше и постари кои дојдоа и не подржаа. Таму имаше активности како што се качување по јаже, стрелаштво, стреличарство, слеглајн активности, игри за помали деца итн. и навистина сме многу задоволни од тој настан. Мотивирани од настанот, од нашиот успех, видовме дека тоа им се допаѓа на нашите граѓани, на младите во Прилеп, решивме да направиме Плетвар аутдор фестивал. Имавме голема поддршка од сите здруженија од Прилеп, од нашите членови, од родителите, од децата, така да мислиме дека овој настан сигурно ќе биде атрактивен, не само за помладите и постарите, туку и за помалите деца и дека заедно ќе се забавуваме на Плетвар. Ќе има доста дружба, забава, не само активности на отворено, туку и оние кои сакаат само да поседат, да се забавуваат, итн.

 

Значи ќе има активности буквално за сите, од 7 до 77?

 

Да, точно така.

 

Дали веќе се знаат локациите каде ќе се одвиваат тие активности на Плетвар?

 

Да, локацијата е веќе утврдена, во близина на селото Плетвар, кај спасителната база, веднаш до превојот Плетвар. Блиску е до Прилеп, така да мислам дека сите кои сакаат да не посетат ќе може лесно да го најдат местото.

 

Доколку некој сака да се пријави, каде може да ги најде сите потребни податоци и информации?

 

Ние сме веќе на социјалните мрежи, на „Инстаграм“ може да не најдат како „Pletvar outdoor festival“, исто така има настан на „Фејсбук“. Се уште не е пуштена апликацијата за пријавување, но овие денови треба да биде и тоа.

 

Дарко, како што кажавме фестивалот ќе се одвива на преминот Плетвар, каде што ќе биде сместен и кампот. Но дали веќе се знае официјалната програма што ќе се случувала во тие 3 дена, од 28 до 30 август?

 

Фестивалот започнува официјално на 28, со зајдисонце, каде што имаме стручни лица кои ќе го водат тоа предавање и секој учесник ќе може да вежба јога на отворено, на зајдисонце. Потоа започнуваме со отворено кино, каде ќе имаме презентација на дел од наши активности, планински и дел од други странски филмови кои што се во склоп на аутдорс активностите и фестивалите низ целиот свет. Потоа продолжуваме со логорски оган и музика. Во текот на 29, сабота, исто почнуваме со утрински тренинг, ќе започнеме исто со јога, со загревање и во текот на денот имаме многу различни катчиња, многу активности, како што се качување по карпи за мали деца, за возрасни, планинарење со мала и долга тура, велосипедизам, стрелаштво, стреличарство, ќе имаат сите можност да пробаат и со паинтбол. Веќе се црта карта на територијата во околината на нашата база и селото Плетвар, каде ќе има детстки игри и за родителите со своите деца ќе има контролни точки како мапи за пронајди го богатството. Секако ќе има посета на пештери, Дуова пештера, искачување на врвот Козјак, ова се дел од активностите во сабота и секако се завршува со бенд, кои ќе свират во вечерните часови. Во недела исто започнуваме со тренинг и со дозавршување на активностите кои ќе бидат објавени во текот на денешниот или утрешниот ден на нашиот настан.

 

Дали веќе се знае каде ќе се одвиваат турите, планинарските тури,  велосипедската тура, другите видови на спортови што ги кажавте?

 

Да, веќе се е договорено. Планинарската тура ќе се одвива до искачување на врвот Козјак, тоа е потешката тура, каде на враќање посетителите ќе имаат можност да пробаат да се качуваат, да видат што значи спортското качување, алпинизмот, имаме таму насоки каде што дел од нашите учесници и дел од тие што се занимаваат професионално од другите градови, од другите клубови ќе дојдат, да видат што значи да се качува по карпа, да видат што значи да се влези во пештера. Ќе имаме посета под самиот врв Козјак, во Дуова пештера која е хоризонтална и доста интересна за секој кој не бил, има доста украси.

 

Колку километри е таа планинска патека?

 

Патеката ќе биде 5 километри во еден правец, тоа е долгата, а кратката 2.5 километри, каде што има чешма, кладенец, каде сите што сакаат ќе имаат можност таму да се одморат. Велосипедизмот секако ќе биде турата од самиот превој на Плетвар, од спасителната станица. Едната траса ќе биде по теснолинејката, тоа е стариот некогашен воз кој поминувал од Прилеп кон Росоман, и потоа продолжуваме кон селото Беловоди, Мермерно езеро и потоа од другата страна на Селечка се враќаме назад во базата.

 

Тоа е навистина интересна тура, тука го споменавте и мермерното езеро како еден уникатен бред на Прилеп кој стана познат низ годините. Но тука се и другите спортови како слеклајнот, да им објаснеме на нашите гледачи кои не знаат што значи тоа?

 

Имаме и нови активности, како што спомнавте, а тоа е слеклајн. Тоа е одење по трака, каде треба да го одржиш својот баланс, да се сконцентрираш, бара многу голема концентрација и баланс за да ги изодиме оние 10-тина метри по трака без да паднеме. Што е стварно многу интересно, нашите сограѓани тоа го прифатија, видоа дека е ново и интересно и сакаат да се вклучат. Секако тука ќе има и за најмладите многу детски игри, како што се трчање, скокање во вреќи, многу детски игри со кои треба да ги мотивираме младите да бидат што почесто во било какви аудор активности, планински спортови, да се занимаваат и да продолжат и да стасаат до високи професионалци.

 

Нормално сето тоа ќе биде под контрола на искусните членови на спелеолошкиот клуб „Златоврв“?

 

Да да, на секоја контролна точка, на секое катче ќе имаме професионалци, имаме и медицински тим во случај на несакани повреди, но нивото на безбедност е на највисоко ниво сведено, запазени се сите критериуми, не смее да се случи ниту една грешка и ќе се внимава на секоја точка каде ќе се работи.

 

Ана, тука би сакал да те прашам околу големиот број на спортови, активности и за постарите и за помладите учесници на овој настан. Колку луѓе очекувате да бидат присутни на Плетвар во тие 3 дена?

 

Па очекуваме доста посетители, затоа што не само граѓаните на Прилеп и нашите пријатели, туку и многу луѓе од другите градови низ Македонија се најавија дека сакаат да бидат дел од овој фестивал. Секако ќе биде голема бројката, ова ни е прва година, ќе видиме како ќе биде оваа година, па да имаме некои очекувања и за наредната година.

 

Дали ќе имате соработка и со другите извиднички тимови низ Македонија?

 

Да, секако ќе ги поканиме и другите извиднички одреди да бидат дел од Плетвар аутдор фестивал, како и сите здруженија од Прилеп кои сакаат да ни се приклучат, слободно ги поканувам сега да дојдат и да ни се обратат.

 

Сте биле досега дел од ваков настан во друг град, во друга држава?

 

Да, најблиску сме биле во Крушево, на When in Krusevo аутдор фестивалот и навистина супер си поминавме, мислам дека овој викенд ќе има и во Битола, па рековме зошто да нема и во Прилеп, на Плетвар, така да мислиме дека супер ќе биде ова за промоција на нашиот град.

 

Дарко, да не заборавиме дека се наоѓаме во една пандемија на вирисуот Ковид-19 и дека сите активности кои што се одвиваат мора да бидат под посебни протоколи и да се запазат сите мерки кои што се пропишани за заштита од коронавирусот. Како планирате да го изведете сето тоа?

 

Апсолутно, мора да ги почитуваме сите мерки на Владата, на највисоко, на најбезбедно ниво, да се зачува пред се здравјето на сите нас, на сите граѓани, на сите кои ќе пристигнат таму. Имаме веќе распределено карта, мапа, каде ќе имаме контролни пунктови со средства за дезинфекција, со чешми за миење на рацете, за одржување на хигиена. Ќе имаме редари кои што цело време ќе се ротираме за контрола, за дополнување на тие средства, за запазување на редот и дисциплината на фестивалот и секако пред се да ги зачуваме и обезбедиме мерките кои ги предвидува оваа влада за заштита од ковид-19 вирусот.

 

Котизацијата за фестивалот која чини само 200 денари ќе биде наменета за оформување на првата спасителна служба на Прилеп?

 

Котизацијата е со многу минимална, симболична цела од 200 денари. Одлучено е сите средства и сите финансии како презентација на спасителната служба да одат таму, да се земат било какви материјални технички средства, опрема, за да може Прилеп подобро да функционира. Затоа што реално, како во Европа, светот, така и кај нас, не можеме реално да развиваме алтернативен туризам, или било каков туризам кој што треба да биде на високо ниво, се додека нема спасителна слуѓба која ќе биде 24/7 на располагање. Самите туристи, странците, не се безбедни и многу често наидуваме на многу наши колеги кои качуват по карпи, пештери, извидуваат, планинарат низ Македонија, не информираат, ни праќаат смс пораки или се слушаме по телефон да ни кажат дека тие се на локалитетот Баба, качуваат, чисто како информација во случај нешто да случи да имаат план Б за кого да го повикаат.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи