ВИДЕО – Поразителни резултати од истражување – скоро и да нема соработка и комуникација помеѓу младите и општините

 

Постои голем јаз и некоресподенција помеѓу младите и општините во Македонија. Огромен дел од младите не се запознати за тоа дали во нивната општина има финансиска поддршка за младите, како се спроведува таа, a не знаат ниту дали има локална стратегија за млади. Ова се дел од заклучоците од истражувањата на проектот „Град-Пријател на Младите“ кој во 7 општини го спроведе Младински Сојуз – Крушево, од каде упатија повеќе препораки.

 

 

Општината да има буџет наменет за младите, да има канцеларија за младите, служба и оддел во самата општина за млади. Функционален не декларативен Локален младински совет и локална стратегија која ќе биде поддржана со акциски план. Спорд новиот закон 0,1 % од самиот буџет на општината мора да биде наменет во областа млади“, рече Анелија Митрова, Младински сојуз – Крушево.

 

Резултатите од истражувањето се поразителни. Пример 80% од младите во Прилеп одговориле дека не се запознати со програмата за финансиска поддршка на млади. 93% не биле вклучени во креирање на буџетот на општината. 72% не знаат дали Прилеп има стратегија за млади. Огромен дел не знаат ниту дали има Локален младински совет. Состојбата е слична и во другите општини.

 

Коментарот е дека повеќе се финансираат пензионерски здруженија отколку младинскиите организации или пак младинските индивидуалци кои треба да се наградат за нивниот ангажман во определена област“, вели Димитар Врглески, член на Младински сојуз – Крушево.

 

Од Општина Прилеп пак се изненадени од тоа колку младите биле неинформирани за работите кои тие како општина ги превземале за нив.

 

Голем дел од препораките и забелешките се веќе имплементирани во општината и исто така навистина сум разочарана од тоа колку младите не се запознаени колкав дел од буџетските средства секоја година се одделуваат за нивно надоградување“, истакна Цвете Станојоска, Општина Прилеп.

 

Токму ваквиот актуелен однос помеѓу младите и општините е и еден од главните фактори за масовното иселување.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи