Гласни забави и пијанчење по цели вечери на стадионот кај Типските, теренот руиниран, станарите неможат да спијат, институциите не превземаат ништо

Стадионот со вештачка трева кај Типските куќи во вечерните часови се претвора во место за гласни забави и пијанчење на младите кои го руинираат теренот, а поради гласното дивеење и пеење, станарите од 3-те околни згради неможат да заспијат до раните утрински часови. Често пати поради ваквата ситуација доаѓало и до физички пресметки помеѓу граѓаните и друштвата со млади кои се собираат на стадионот. Ова за Инфо Компас го тврдат жители на околните згради кои сакаат да останат анонимни.

 

„Повеќе не можеше да се издржи овој терор, преку 2 дена ѕвоневме и пријавуваме во полиција, потоа и полицијата започна да не доаѓа, па моравме ние станарите да слегуваме и да се караме со младите. Токму поради тоа oд 90 стaнa се пoтпишaа 70 стaнaри и испративме петиција до Комуналец да си постави стражар кој ќе го обезбедува теренот. И тaкa oд 01.07 поставија стрaжaр oд Агенцијa за обезбедување и тој доаѓаше од 21 часот дo 03 часот и си гo oбезбедувaше стaдиoнoт. На 01.08 обезбедувањето престaна да доаѓа бидејќи му рекле да доаѓа само 1 месец, значи додека поминат изборите. Кога се обративме во Комуналец повторно што се случува и зошто не доаѓа обезбедување ни кажаа дека чекале градоначалникот да одобри стражар. И сега стадионот е повторно отворен, се прават пијанки до 2 или 3 часот наутро, никој не превзема ништо. Ова е срамота и не се издржува повеќе, неможеме да спиеме од гласното викање, плус стадионот се руинира“, се жалат станарите на околните згради.

 

Станарите бараат итна реакција на Општина Прилеп за оваа состојба, а од фотогалеријата подолу може да се погледне колку стадионот е руиниран и оставен сам на себе, без грижа од никого.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи