Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден случај на заболен од коронавирус, а 3 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 41. Од нив, 28 лица се наоѓаат на домашно, а 13 на болничко лекување.
Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 345.
Во изолација и самоизолација се наоѓаат 50 лица.