Село Дреновци живее како пред 100 години, патот е толку ископан што до таму се стигнува само со џип или тенк

Жителите на селото Дреновци во Општина Долнени се крајно револтирани на општината и на државата затоа што живеат како пред 100 години. Патот е толку ископан што до селото можеш да стигнеш само со џип или тенк. Се закануваат со протести ако итно не се превземе нешто.

 

 

Ова е нивниот статус на Фб профилот од ова населено место.

 

 

Живееме во 21 век? Не би рекле!


Дали Вие господине градоначалник би можеле нормално да функционирате доколку живеете овде? Зошто ова село е постојано запоставено од секоја партија на власт?

 

Години наназад ние сме само гласачко тело (очигледно само тогаш постоиме за вас) бидејќи ниту нешто се гради ниту нешто се обновува!

 

Сте се запрашале ли што доколку има некој итен случај? Дали човечкиот живот има помала вредност од парите?

 

Срамно и неверојатно е село со мноштво население и со ваков потенцијал и капацитет да биде отфрлено на маргините.

 

Единствено што бараме е ПАТ – БЕЗБЕДЕН И АСФАЛТИРАН ПАТ ИЗГРАДЕН СО НОРМАЛНИ СТАНДАРДИ И СИГНАЛИЗАЦИЈА!!!


Ако во 2020 година не можете да обезбедите пат за нормално сообраќање на населението засрамете се и препуштете ја удобната фотеља на некој кој би се заангажирал за овој сериозен проблем.

 

Протестите се најлесното нешто што може да се организира,меѓутоа се надеваме дека овој текст и слики ќе стигнат до вашите очи и ќе имате разбирање и брза реакција во однос на нашето барање, пред да се одлучиме на протест. Со почит,жителите на с.Дреновци!“, велат жителите од селото Дреновци.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи