ВИДЕО – Планинската патека до Козјак и Дуова Пештера комплетно исчистени – активни подготовки за „Pletvar outdoor festival 2020“

Планинската патека до Врв Козјак и Дуова Пештера се комплетно исчистени и проширени. Tимот на Pletvar Outdoor Festival ги завршува последните подготовки за официјално првиот оутдоор фестивал во Прилеп и прв ваков фестивал во Македонија од ваков карактер со многу голем број на различни активности, кој ќе се одржи од од 28 до 30 август. Организатори на оваа манифестација се спелеолошкиот клуб од Прилеп, „Златоврв“ и извидничкиот одред „Феникс“.

 

 

Некои од активностите кои ќе имате можност да ги искусите се:

– Искачување на врв Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова,
– Кратка планинарска тура за почетници,
– Велосипедска тура
– Слеклајн, стрелаштво, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите
– Сини часови јога,
– Качување и спуштање со јаже, планинско трчање и други активности.

 

Настанот е организиран во согласност со сите препораки и протоколи од владата за заштита од Ковид-19.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи