ВИДЕО – Силно невреме проследено со град и дожд го погоди Прилеп

Силно невреме проследено со град и дожд, кое траеше 20-тина минути, пред околу 1 час го погоди Прилеп. Засега се уште не се знае дали невремето има предизвикано штети.

 

 

Дел од прилепските улици, како што се „Цар Самоил“, која оди од раскрсницата кај Чумовчани до Могила, и улицата Александар Македонски исто од раскрсницата кај Чумовчани па се Димо Наредникот како и секогаш при вакви силни врнежи се претворија во реки.

 

Инаку над Прилеп можеше да се забележи како лета и авионот за авионско засејување на облаците, што пред извесен период  се воведе како нов систем за заштита од град.

 

Исто така драстично се покачи водостојот на градската река. Повеќе информации се очекуваат подоцна.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи