ВИДЕО – Протест против покачувањето на струјата во Прилеп – граѓаните излегоа во мал број

Вечерва во 19 часот по втор пат во Прилеп се организираа протести против поскапувањето на струјата. Но како и миинатиот петок за жал во Прилеп, на плошадот  Александрија каде беше и закажан овој протест имаше само околу 20-тина граѓани. Од организациониот одбор на овие протести истакнаа декка не им била битна масовноста туку порака која сакале да ја испратат, а тоа е дека се против поскапување на струјата, распуштање на Регулаторната Комисија за Енергетика, намалување на цената на струјата за 46% и намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5%.

 

 

 

„Нашите барања се прилично јасни во ек на пандемија и економска криза од енормни размери, каде луѓето губат работни места секој ден и платите им се намалуваат секој ден, ова е доказ дека се одработува само за профитиите на елитите“, рече Гордана Ристовска, иницијативен одбор за протестот.

 

„Иницијатиивата занаетчиско – граѓанско движење се приклучува на овиие протести за да гласот биде посилен. Во време на Ковид криза, во време на економска криза со која заетчиите, малото стопанство и граѓаните беа и се уште се први и најпогодени се покачува цената на електричната енергија. Таа иста цена во многу европски држави во овој период истата се намалува. Занаетчиите малото стопанство едвај преживуваат и работата со само 30% од своите капцитети и можности. Сега се соочуваат со уште еден голем товар. Ни претстои економска криза која е повеќе од очиглчедна. Ни претстои грејна сезона, како ние ќе се носиме со овој товар, поскапување на електричната енергија. Тоа ќе предизвика повторни отпуштања кои досега ги има во прилично голем број, тоа ќе придизвика намалени приходи и може да доведе  до затворање на голем број дуќани. Ако ЕСМ имаат загуба заради ковид криизата, имаме и ние. Ако ЕСМ сака нивната наводна загуба заради ковид кризата да ја надокнади врз нашииот грб, врз чииј грб да ја надокнадиме ние“, истакна Крешимир Здравески, занаетчиско – граѓанско движење.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи