Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус. Само во последниве 10 дена во Прилеп се појавија 56 нови случаи на Ковид 19 .
Поради оваа ситуација градоначалникот Илија Јованоски за утре, среда 26 август во 10 часот, закажа седница на Општинскиот кризен штаб.
После завршувањето на седницата ќе се знае дали и кои дополнителни мерки за заштита ќе бидат превземени.