ВИДЕО – Јованоски: Ги чекаме протоколите за почеток на учебната година, но има и шанси видот на настава да зависи од желбите на родителите

Во однос на почетокот на новата учебна година како Општина ги чекаме мерките што треба да ги каже Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Министерството за образование и така и ќе постапиме. Истакна денеска градоначалниикот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој освен што ја водеше седницата на Кризниот штаб по повод зголемиот број случаи на Ковид 19 во Прилеп, денеска тој оствари и средба со сите директори на основните и среднии училишта во Прилеп.

 

 

„Ние се припремаме комплетно, разговарав со сите директори на основните и средните училишта, се договоривме што треба да направат, да ги спремат училишните простории каде што треба да се одвива наставата, дали тоа ќе биде со физичко присуство или со онлајн настава. Да видиме колку лаптопи, таблети или персонални компјутери имаат, да се зголеми јачината на интернетот во секое училиште и сите тие други потребни работи и материјали што им требаат. Се прави сега анкета со сите родители за каков начин на настава сакаат своите деца да следат, дали онлајн настава или со физичко присуство. Се разговара со Советот на родители за активно да се вклучат училишните одбори за преземање на сите мерки, така да апсолутно се припремаме за почеток на школската година“, рече Јованоски.

 

Според Јованоски се чекаат протоколите за да точно се знае дали секоја општина ќе има слобода и можност да ја организира наставата во однос на ситуацијата што ќе биде актуелна на нејзината територија.

 

„Пред се Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе дадат протоколи за сите граѓани воопшто во државата. Има момент каде што има шанси за секоја општина со специфични услови да има свој начин, свои протоколи. Ако биде така ние и за тоа се спремаме, ќе го почитуваме максимално анкетирањето на родителите, како што сакаат така ќе направиме. Ние таа анкета не ја правиме само формално, туку и вистински така ќе постапиме. И сами спомнавте дека има неколку желби, физичко присуство, онлајн настава и комбинирано. Веројатно така и ќе биде, одреден број на ученици ќе одат со физичко присуство, одреден број онлајн. Тоа ќе биде во сите училишта различно, во зависност од потребите. Еве морам да кажам ООУ Добре Јованоски, каде имаме најголем број ученици од ромската популација, а има помал број на таблети и компјутери во тоа училиште, ако е можно, ќе ги направиме сите усулби и можности со физичко присуство да биде наставата, колку е тоа можно. Во зависност од тоа колку има барања и колку има можност од технички аспект, од просторните можности на училиштето“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.