Преставени министрите од кои што ќе биде составена новата влада

 

Лидерот на СДСМ и мандатар на новата влада Зоран Заев денеска пред Собранието го соопшти персоналниот состав на Владата за која треба наредните денови да се произјаснат народните пратеници.

 

Според предлогот на Заев доставен до Собранието, новата Влада ќе има 19 министерства. Од СДСМ покрај Заев кој ќе биде премиер, членови на владата ќе бидат и Љупчо Николоски кој ќе ја извршува функцијата вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шеќеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благоја Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска -министерка за образование и наука, Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

 

Од БЕСА, предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, Аријанит Хоџа ќе биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа.

 

ДУИ во владата ќе партиципира со шест члена: Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министар за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Белтеши – министер за економија, Насер Нуредини – министер за животна средина и Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и адмнинистрација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.