Советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат, кои судот ги сомничи за напад и незаконско поседување на огнено оружје, од денес се во притвор во истражниот оддел на затворот во Охрид.
Од СВР Охрид потврдија дека браќата Усеини, по 6 дневното бегство сами се предале во затворот.
Тие беа обвинети за напад врз охриѓанецот Спире Топаловски, кој првично изјави дека бил тепан со пиштол пред син му, но потоа ја смени изјавата и рече дека му се причинило дека видел пиштол, а Усеини му е пријател. Сепак, неофицијално, во обвинителството има снимки од инцидентот, на кои што се гледа дека Усеини има оружје во рака и го удира Топаловски по тилот пред очите на син му.