ВИДЕО – Спасителната служба „Златоврв“ без денар државна помош – го организира „Pletvar outdoor festival“ за да собере пари за опрема

Иако спасителната служба на СК „Златоврв“ од Прилеп функционира веќе 10 години на волонтерска основа, а нејзините членови ги имаат спасено животите на голем број планинари, параглајдеристи и други љубители на природата и на екстремнисте спортови, службата досега нема добиено ниту денар, ниту од општината, ниту од државата. Бидејќи се оставени сами на себе, за да ја докомплетираат потребната опрема годинава го направија првиот „Pletvar outdoor festival“, а парите од котизацијата од учесниците ќе се наменат за службата. Нивната база планираат да биде на преминот Плетвар.

 

 

Плетвар е превој кој што ги спојува неколку градови тука кај нас. Имаме пристап тука кон Фаришка котлина, Дреновска клисура, Тиквешијата, од другата страна тука ни е цела Пелагонија, блиску сме до Македонски Брод, Поречието и секако Крушево и Мариово“, истакна Дарко Неданоски, Спасителна служба СК „Златоврв“.

 

Во Прилеп и Крушево секоја година се организираат параглајдерски натпревари од највисок светски калибар. Годишно тука доаѓаат и други стотици болдери, возачи на крос мотори, планински велосипедиисти и други љубители на екстремните спортови кои се негуваат во овој регион.

 

Не можеме ниту да напредуваме во развојот на алтернативниот туризам. Знаеме дека во сите држави спасителните служби се на многу високо професионално ниво и се под Владата“, додаде Неданоски.

 

Фестивалот трае 3 дена а тука се одржуваат планинарски тури, велосипедски тури, искачување на врвот Козјак, влез во Дуова пештера, стреличарство, искачување по карпи, трки и многу други активности.

 

Имаме еден дел тука искачување по карпи. Кој што ќе се пронајдии во нештото да премине на поинтензивни тренинзи и секако целта е да започне да волонтира во спасителната служба“, изјави Борче Петковски, Спасителна служба СК „Златоврв“.

 

„Во овој регион ова се случува за прв пат, ваков настан, од ваков карактер и многу сме задоволни“, рече Бобан Стојаноски, учесник на фестивалот од Кичево.

 

„Ова е нешто ново и е прекрасно тука“, додаде Сара Димовска, учесник на фестивалот од Битола.

 

Од СК „Златоврв“ се надеваат дека државата или општината не само со збор и тапкање по рамо, туку и вистински конечно ќе се заложат за финансирарње на една ваква служба која свен за на планини е обучени за спасување на повредени луѓе и во пештери, пропасти, но и во урбана средина.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.