Денеска двајца починати и 9 нови случаи на Ковид 19 во Прилеп

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 9 случаи на заболени од коронавирус.

 

Од последици на коронавирусот, починаа две лица на возраст од 54 и 78 години.

 

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 106. Од нив, 84 лица се наоѓаат на домашно, а 22 на болничко лекување.

 

Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 456.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.