ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО: Тригодишно девојче летна во воздухот закачена на змај

Тригодишно девојче на фестивал на змаеви во градот Хсинчу, Тајван ја потресе светската јавност. На засташувачкото видео кое е снимено од публиката се гледа како неколку лица подготвуваат голем змај, но поради силниот ветер леталото нагло се качува во воздух и со своите конци повлекло и тригодишно девојче.

 

 

Девојчето неколку секунди висеше на опашката на леталото, по намалувањето на ветерот девојчето беше фатено од публиката и истото поминало само со неколку гребнатинки, пишуваат локалните власти, а пренесе Би-Би-Ес.

 

Градоначалникот на Хсинчу преку социјалната мрежа фејсбук се извини за инцидентот и истакна дека градските власти ќе се погрижат вакво нешто во иднина повеќе да не се случува.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.