Тешко повреден 16 годишник во сообраќајна незгода во Прилеп

 

 

На крстосницата од кеј „9 Септември” и улицата „Сотка Ѓорѓиоски” во Прилеп вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Т. (52) од Скопје и мопед „априлија” со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16- годишник од Прилеп.

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Прилеп.

 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.