Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука да се зголемат цените на бензините.
Од ноќеска на полноќ, цените на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат по половина денар, и еден литар од овие горива ќе чини 60.00, односно 62.00 денари.
Цената на „еуродизелот“ не се менува, па еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 52.00 денари.
Екстра-лесното масло за горење од ноќеска на полноќ ќе се продава за 51,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и ќе изнесува 26,531 ден/кг.