НБРМ: Банките можат уште 6 месеци да ја одложат отплата на кредитите

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Народната банка, по неколку состаноци со Македонската банкарска асоцијација (МБА), информира дека банките можат да им понудат на своите клиенти и втора промена на договорните услови за кредитите. Целта е да им се помогне на оние клиенти што се негативно погодени од пандемијата на Ковид-19.

 

Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

 

„Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основа на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да им се помогне на клиентите што се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите што имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје“, информираат од Народна банка.

 

Оттаму додаваат дека постојано го следат развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и доколку биде потребно, подготвена е соодветно да ги приспособува политиките и навремено да реагира со натамошни мерки, во согласност со своите надлежности.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи