На 31.08.2020 околу 01.00 часот во Полициската станица Прилеп бил приведен Д.М.(26) од Прилеп поради сомнение дека предизвикал пожар во спортска обложувалница на ул.„Битолска“ во Прилеп. Тој бил задржан во Полициската станица Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.