По шест месеци се отвораат градинките – над 14.000 деца започнуваат со настава

 

 

14.555 деца од идната среда ќе тргнат во градинка, ова е бројката која ја добило Министерството за труд и социјална политика. Приоритет имале децата од самохраните родители, но и ако двајца родители имаат потврда дека работата не можат да ја извршуваат од дома.

 

Со оглед на фактот дека до пополнување на капацитетот од 19.000 легла остануваат уште околу 4.500 места, предност ќе имаат деца кои веќе биле запишани во градинките.

 

Познати се и протоколите под кои ќе се одвива наставата и престојот во градинките. Мерењето на температурата и миењето на рацете на влез ќе биде задолжително, а децата ќе се примаат на растојание од 10 минути.

 

„Просториите и дворовите редовно ќе се дезинфицираат, а доколку дозволуваат временските услови, се препорачува децата да бидат повеќе на отворено, во помали групи. Просториите ќе треба да се дезинфицираат на секои два часа, а ќе мора и редовно да се проветруваат. Секое дете ќе има своја постела за спиење, а масите ќе бидат на дистанца. Децата да јадат во занималните, да излегуваат од нив по групи, без мешање, да играат со играчки кои можат да се мијат. Воспитувачите ќе мора постојано да носат маски, а забрането им е собирање и меѓусебни контакти во заедничките простории“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

 

Доколку некое дете пројави симптоми на Ковид-19 ќе се изолира во посебна просторија, а ако вирусот се потврди тогаш по препорака на епидемиолозите можно е целата група со се негувателките да одат во домашна самоизолација. Децата сомнителни на коронавирус можат да се вратат во градинка со негативен ПЦР тест.

 

Од среда, освен државните, можност да ги отворат вратите за најмалите имаат и приватните градинки, но само доколку имаат услови и ги почитуваат сите предвидени протоколи што важат и за државните градинки.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи