Прилепчанец со машина за сечење дрва се удрил во ѕид, сопатникот итно пренесен на Клиника во Скопје

Вчера ( 04.09.2020 ) околу 20 часот било пријавено дека на ул. „Тризла“ во Прилеп С.С. (39) од Прилеп, управувајќи машина за сечење дрва „аран“ удрил во ѕид.

 

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил С.С.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп“, велат од МВР.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.