21 годишна прилепчанка утрово загина во сообраќајна несреќа на патот за с. Селце

На 06.09.2020 во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за с. Селце, прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С. (21) од Прилеп, која починала на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобила С.А. (21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.