Ново поевтинување на горивата

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

 

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

 

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, па Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 49,00 ден/лит.

 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи