Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 8 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 127, од кои 104 се наоѓаат на домашно, а 23 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 240 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 640.