Прилепчанец тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

 

На 22.09.2020 во 19.50 часот на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.П.(53) од Битола и патничко возило „опел“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(51) од Прилеп.

 

Во незгодата, М.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп, каде биле пренесени за укажување лекарска помош.

 

Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи