Хуманитарната акција „Донирај компјутер“ продолжува во Крушево

 

 

Општина Крушево повторно ја активира акцијата „Донирај компјутер“, по примерот на општина Бутел, непосредно пред почетокот на новата учебна година.

 

Досега локалната самоуправа обезбеди таблети и компјутери за следење на „онлајн“ настава на оние деца од семејства кои не можат да си дозволат таков апарат. Оваа продолжена акција е во насока да се обезбедат уште вакви алатки за следење на настава на сите ученици во време на ковид криза со оглед на тоа дека претходните донации не ги задоволија потребите.

 

„Ја реактуелизираме кампањата за да обезбедиме дополнителни компјутери за учениците од општина Крушево. Пред почетокот на учебната година неопходно е да обезбедиме се’ што треба за успешен почеток. Она што досега го обезбедивме не е доволно и потребно е уште. Затоа, ги повикувам сите граѓани, компании и организации да придонесат за образованието на децата“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи