Кривична пријава за 10 прилепчани кои ја нападнаа полициската екипа во велешко

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица од Прилеп кои се сомничат за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, односно дека тие се дрвокрадците кои пред 2 дена нападаа полицајци во велешко. Станува збор за лица од ромска националност.

 

Имено според МВР на 24.09.2020 околу 20.00 часот, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес, сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени.

 

Во тој момент наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои прво почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило.

 

Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник 48 годишниот Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле.

 

Повредениот Д.Ц. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди на главата и раката. На лекување во велешката болница поради повредите во стомакот е задржан уште еден од петтемина полицајци, другите тројца кои исто така биле нападнати имале полесни повреди и пуштени се дома.

 

Десетте пријавени лица се приведени и предадени на обвинителството. Според првиичните и неофициијални информации кои ги поседуваме во моментов обвинителството побарало 30 дневен притвор, а осомничените се изнесени пред судија на претходна постапка.

 

Од обвинителството телефонски ни рекоа само дека се постапува по пријавата и дека во интерес на истрагата засега не можеле да соопштат повеќе детали.

 

Инаку со години наназад,  по овој стар пат Прилеп-Велес, преку преминот Дервен, секојдневно натоварени со дрва поминуваат по 10-тина можеби и повеќе нерегистрирани возила натоварени со нелегално исечни дрва. Тоа се случува со години, а институциите делува како да не превземаат ама буквално ништо. Жално е што на целата таа планина исечени се илјадници метри кубни на дрва и соголен е целиот терен.

 

Можеби оваа последна случка ќе биде мотив повеќе за државните институции да соберат храброст и да ја започнаатт таа борба со дрвната мафија и да се стопира дрвокрадството кое секоја година зема се поголем замав.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи