ВИДЕО – Крушево станува атрактивна дестинација за планинскиот велосипедизам

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Крушево полека но сигурно се афирмира како атрактивна дестинација за развој на алтернативниот туризам. Освен за параглајдингот Крушево е на добар пат да стане и едно од попривлечните места за планинскиот велосипедизам. Со поддршка на Швајцарската програма ИМЕ  која е финансирана преку Швајцарската амбасада ќе се обележуваат и уредуваат повеќе планински патеки за овој спорт.

 

 

„Патеките се очекува да бидат готови до крајот на пролетта, следната година и се разбира дека тоа ќе биде еден дополнителен проиизвод кој гостинот ќе може да го користи во Крушево“, иизјави Тања Георгиевска, претставник на Швајцарската програма ИМЕ  која е финансирана преку Швајцарската амбасада.

 

„Не работиме стриктно за професионални патеки, работиме и за сите оние кои ќе дојдат тука со фамилија. Може некој да вози, некој да седи и да ужива во убавините на Крушево, создаваме повеќе содржини“, рече Јаким  итрески, проект менаџер на „All seasosn adventure“.

 

По тој повод во Крушево се одржа и вело работилница на која присутвуваа велосипедски здруженија од цела Македонија.

 

„Во Крушево гледам голема можност за развој на планинскиот велосипедизам и со помош на институциите и приватни фирми јас мислам дека Крушево може да стане една од водечките институции не само во државата туку и на Балканот и пошироко“, кажа Зоран Јаневски, претседател на „Велес Бајкинг“.

 

„Досега Крушево беше препознатливо само по параглајдерството, еве неколку години наназад се промовира планинскиот велосипедизам, стануваме препознатливи како бренд и по него, се поголем број на патеки веќе се обележени“, додаде Здравко Ристески, организатор на аутдор фестивал „Крушево низ корија“.

 

Од Општина Крушево велат дека со сите овие активности градот станува дестинација за 4 сезони.

 

„Имаме алтернативни форми на туризам кои ние како општина заедно со нашите пријатели, угостителскиот сектор во нашиот град работи на привлекување на се поголем број гости од овој вид“, истакна Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

Од Агенцијата за поддршка на туризмот истакнуваат дека кампањата „Дома си е дома“ вродила со плод и дека се задоволни од досега постигнатите резултати.

 

„Туристичките капацитети во месец јули и август беа преполни од домашните туристи, очекувам месец август да генерира околу 1 милион ноќевања и до текот на годината се остварат очекуваните 2 милионии ноќевања“, додаде Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

 

Во моментов сместувачките капацитети во Крушево се исполнети 30-тина проценти. Се очекуваат повеќе гости во периодот кој следува.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи