Еден починат од Ковид 19, 11 нови случаи – дали инфективното во Прилеп станува претесно?

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 11 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.

 

Бројот на активни случаи изнесува 129, од кои 99 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекување, односно онолкку колку што иизнесува ии максиималниот капацитет на инфективното одделение во Прилеп. Дел од граѓаните се прашуваат дали одделението веќе е преполно. Иако побаравме офиицијален одговор не добивме.

 

Од последици на коронавирусот денеска во Прилеп почина и едно лице на 80-годишна возраст.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 253 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 684.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи