Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 8 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 124, од кои 95 се наоѓаат на домашно, а 29 на болничко лекување.
Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 78-годишна возраст.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 214 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 697.