Игротеките започнуваат со работа – ќе работат по посебни протоколи

Facebook
Twitter
Email
Print
КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Детскиот џагор повторно ќе може да се слушне во игротеките. По седуммесечното паузирање поради коронавирусот, игротеките повторно ќе започнат со работа, но според посебни протоколи.

 

Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија го поздрави носењето на протоколите за отворање и работа на игротеките. Според нив со целосно почитување на протоколите, игротеките се подготвени да овозможат безбеден и сигурен престој на децата.

 

„Тие протоколи дадовме ветување дека ќе ги почитуваме сите ние, покрај, дистанцата, дезинфекцијата и носењето на маската, при влегувањето во игротеката задолжително пред врата се поставува дезобариера, понатаму мерење на температура и на вработените и на гостите, односно родителите и децата,вели Трајко Николовски“, Претседател на групацијата на игротеки.

 

Од групацијата апелираат до сите игротекити да бидат максимално одговорни бидејќи, доколку некој не се придржува до задолжителните протоколи, тоа ќе биде неуспех за сите од дејноста.

 

Игротеките и едукативните центри беа затворени со владина уредба пред седум месеци и се меѓу последните дејности за кои се дефинираат правилата за отворање и работа.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи