Рекордни 225 заболени од ковид-19 во Македонија, шест починати

Facebook
Twitter
Email
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

 

Во болнички услови се починати шест лица, тројца пациенти од Скопје на 63, 71 и 83-годишна возраст, по еден од Прилеп на 78 години, Тетово 63-годишна возраст и Битола на 59 години.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

 

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

 

• Скопје 7195, активни 834

• Куманово 1785, активни 182

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1269, активни 56

• Прилеп 697, активни 126

• Тетово 1470, активни 150

• Струга 676, активни 45

• Велес 335, активни 36

• Битола 322, активни 71

• Охрид 432, активни 35

• Кавадарци 247, активни 47

• Гостивар 938, активни 83

• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 272, активни 167

• Крива Паланка 120, активни 34

• Радовиш 90, активни 26

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 392, активни 172

• Пробиштип 116, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 7

• Пехчево 45, активни 4

• Берово 114, активни 39

• Валандово 39, активни 26

• Виница 117, активни 28

• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 359, активни 46

• Кичево 332, активни 36

• Ресен 164, активни 11

• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

Направените 1694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333, Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација, велат од МЗ.

 

Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и две мајки позитивни на Ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.

 

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи