ВИДЕО – Пари за Еурокомпозит немало за оваа година, сегашните и екс вработените најавуваат тужби за државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Пари за Еурокомпозит годинава нема да има. Ова на Еурокомпозитовци вчера им го кажал заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. Пари немало ниту за исплата на неисплатените придонесите од 2012 година до 2019, иако законот за тоа излезе во Службен весник уште лани во октомври, а пари немало ниту за 50-тината вработени кои останаа во фирмата, а кои немаат земено ниту денар од лани од декември. Битиќи им рекол дека ќе гледале ова да влезело во буџетот во 2021 година. Еурокомпозитовци најавуваат тужби за државата.

 

 

„Пари во буџетот за оваа намена нема за оваа година. Средства да влезат во наредната 2021 година, што апсолутно ние не сме задоволни од одговорот. Си зеде обврска да достави до Владата информација, дали ќе влези и кога, што како… што ни преостанува нас во случајов? Единствено ни преостанува да ги преземеме сите демократски мерки, протести и во краен случај да ја тужиме Владата, да поднесиме тужба за нереализирање на законско решение од Собранието. Друго немаме“, рече Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

За заостанатите плати и несплатените отпремнини на средбата не станало ниту збор. Вработените се крајно револтирани затоа што велат дека Владата постојано ги лажела дека има најдено инвеститор и дека ќе се реши проблемот со нив. Премиерот Заев им рекол дека 2 милиони евра не биле ништо да се реши случајот со Еурокомпозит. За да според изјавите на вработените вчера Битиќи им рече дека ќе се донесел и агрегат во фирмата за да се уклучат комјутерите и да се потпишат решенија за тие кои сакаат да си одат, бидејќи фирмата нема струја од Нова Година.

 

„Сето било лаги и дури ни кажа децидно дека без никаков надоместок, со нула да ја дадеме фирмата, нема кој да ја купи. Фирмата била во минус 3,8 милиони евра, минусно салдо“,кажа Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Досега Владата купува само време и се вадат со коронавирусот. коронавирусот не значи дека вицепремиерот за економски прашања треба да го реши, има Комисија за здравство, Министер за здравство, има други структури. Значи сите се внесоа, цела Влада во ковид и ќе ја спасувале Македонија. А на последниот состанок кај градоначалникот овде, кога беше и премиерот Заев, тој рече што се 2 милиони евра, не е проблем, ќе ги платиме. Само купуваат време, мислам дека целта им е колку може да се одолговлекува, фирмата да се згасне, а дури и да сакаме да си одиме, нема кој да ни даде документ. Вицепремиерот се засили, рече ќе ви донесам агрегат, струја, компјутерите ќе ги пуштиме, веднаш ќе најдеме решение доколку некој сака да оди“, додаде Борко Томески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

 

Битиќи им рекол дека за нив нема помош во пакетот мерки кои го носи Владата затоа што бииле државна фирма.

 

„Јас го прашав зошто со ребалансот на буџетот во четвртиот пакет мерки, а исто и Роберт му го постави за овие што останаа на работа, зошто нема ништо? Вели дека тој пакет бил само за приватни фирми, за угостителски, а Еурокомпозит спаѓал во државна фирма. Помош за државна фирма во моментов нема и затоа тие не биле опфатени со овие пакети. Јас кога го прашав дали можеме да влеземе во ребалансот до Нова Година, рече дека овој ребаланс исклучиво бил наменет за короната, против ковид-19“, истакна Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Еурокомпозитовци не исклучуваат и организирање на нови протести.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи