Судар на автомобил и мотоцикл на патот Прилеп-Битола, тешко повредено едно лице

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


На 11.10.2020 во 13.50 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на бензиска пумпа, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од с.Канатларци, прилепско, и мотоцикл „сузуки“, без регистарски ознаки, управуван од Х.Н.(25) од Прилеп.

 

„По незгодата, Х.Н. е пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, соопштуваат од МВР.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи