Незадоволувачки процент на транспарентност кај јавните претпријатија во Пелагонискиот регион

 

 

Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, во периодот од 01 април до 31 јули 2020 година, во рамките на проектот „Информирани граѓани – активни учесници“ спроведе изстражување на 10 јавни претпријатија во Пелагонискиот регион. Во истражувањето беа опфатени јавните комунални претпријатија во Крушево, Долнени, Кривогаштани и Могила, ЈП за просторни и урбанистички планови Прилеп, ЈП за стопанисување со пасишта Прилеп, ЈП за стопанисување со јавен и длеовен простор Прилеп, ЈП Пазари Битола, ЈП Нискоградба Битола и ЈП Водовод Битола.

 

При истражувањето се користеше алатката Прашалник за мерење на транспарентноста и отчетноста на јавните претпријатија во три дела: Отвореност во однос на организацијата на работењето; Отвореност до пристап на информации и Отвореност за резултатите од работењето.

 

Генерално, вклучените јавни претпријатија исполнуваат задоволителен процент во делот на Отвореност во однос на организација на работење, делумно остварување во Отвореноста до пристапот на информации, додека незадоволувачки процент има при исполнување на делот на Отвореност на резултатите од работењето.

 

Ниту едно од вклучените претпријатија немаат објавено годишен план за јавни набавки, не се објавуваат огласи и тендерски документации за јавни набавки и не се објавуваат известувања за склучени и реализирани договори за јавни набавки.

 

Од истражувањето може да се заклучи дека релевантните лица во  јавните претпријатија во Пелагонискиот регион имаат потреба од дополнителна едукација во однос на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во кои што работат. Дополнително, потребна е поголема информираност на управните тела во јавните претпријатија во однос на законските обврски, Законот за трговски друштва и Законот за јавни претпријатија.

 

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен прелу проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во јавниот и во приватниот бизнис – сектор“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, Здружението Конект и Здружението на даночни советници.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи