Крушево конечно ќе ги реши проблемите со водоснабдување

 

Општина Крушево добива 9 милиони денари од Министерството за животна средина за конечно надминување на сите проблеми со водоснабдување на град Крушево.

 

„Со ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, на Министерството за животна средина и просторно планирање му беа доделени финансиски средства во вкупна вредност од 165 милиони денари за реализација на проекти од областа на животната средина кои ќе бидат префрлени на општините и тоа: 9.000.000,00 ден за водоснабдителен систем за општина Крушево – реализација на инфраструктурен проект за изградба на водовод за град Крушево“, се вели во соопштението на Министерство за животна средина

 

„Со овие средства конечно ќе ги надминеме сите проблеми со водоснабдување на општина Крушево. За многу брзо ќе ставиме крај на овие проблеми и градот ќе има водоснабдување како што доликува на еден туристички град, а воедно и улугите кон граѓаните ќе бидат на високо ниво. Благодарност до Владата и Министерството за животна средина за поддршката“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи