Ова се официјалните барања на Сојузот на земјоделски здруженија со кои ќе настапи во среда за решавање на проблемот на тутунарите

Во среда тутунарите ќе имаат нова средба со премиерот, министерот за земјоделство и откупувачите за надминување на проблемите околу откупот на тутунот.

 

 

Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски, истакна дека ова се барањата со кои ќе настапи Сојузот:

 

 

 

  1. Сите пунктови кои моментално се отворени да останат отворени до крајот на законскиот рок и доколку има потреба и после тоа.

 

 

2. Зголемување над динамиката на дневен откуп без да се ограничуваат пунктовите со одредена килажа туку да се откупува целиот тутун што ќе дојди на вагите и по можност да почнат да се работат и Саботите како би се намалиле гужвите и побрзо би се предал тутунот.

 

 

3. Проценката по шифри под итно да се прекини, тутунот да се цени по класи како што е во законот и правилникот да не се измислува нови правила.

 

 

4. Под итно решавање за вишокот на тутун кој ќе го преземи, кога ќе биди преземен, предлагаме што можи најбрзо да се поделат кутии и да почни да се откупува а не да остане на крајот, тука сакам да прашам уште едно со договарачите на „Далија“ како ќе биди решено, како ќе се откупи нивниот тутун.

 

 

5. Линијата која цело време бараме да биде поблага а тоа значи оној тутун што е за прва класа да биде проценет за прва класа така и за останатите класи да се ценат реално за да можи да се достигне минимална цена од 180 до 190 денари во просек.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи