Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто. Бројот на домашните туристи бележи пад од 12,1 отсто, а на странските туристи од 69,8 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 е намален за 15,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 60,2 отсто.
Поради ковид-19 пандемијата, македонскиот туристички сектор лани доживеа огромно намалување на бројот на туристи и големи финансиски штети. Хотелиерите и останатите туристички работници велат дека состојбата не е воопшто подобрена и во првиот квартал од годинава, а откажувања на резервациите од странските туристи има сè до почетокот на летото.