ВИДЕО – Британскиот сој, групирањата и криењето на контактите, главни причини за растот на Ковид 19 во Прилеп

 

Ситуацијата со корона вирусот во Прилеп повторно станува алармантна. Британскиот сој кој е многу попренослив, непочитувањето на мерките од страна на ѓраѓаните, семејните прослави, групирањата, но и криењето на контактите се главните причини за тоа што Прилеп после Скопје е град со најлоша епидемиолошка слика во Македонија.

 

 

„Не можеме да следиме кој, кога и од кого се заразил заради големиот број на заразени во моментов и заради истовремено јавување симптоми во едно семејство или група која присуствувала на некој настан. Контактите се кријат. После појава на симптомите истите се тестираат, а до појава на симптомиите истите слободно се шетаат низ градот и го шират вирусот. Контактите се кријат поради тоа што никој не сака да остане во изолација 14 дена, доколку не развие симптоми. Сметаат дека кога ќе развијат симптоми тогаш ќе се тестираат. Па доколку се позитивни секако треба да останат во изолација“, вели Татјана Станимировиќ, епидемиолог од Центар за јавно здравје Прилеп.

Во последните 3 седмици во Прилеп имаме во просек по околу 300 случаи неделно. Од понеделникот до денес регистрирани се 260 случаи. Епидемиолозите сметаат дека полицискиот час ќе даде резултати, иако и преку денот дел од мерките не се почитуваат во угостителските објекти, но не знаат дали ќе бидат потребни и дополни рестриктивни мерки.

„Од самиот почеток тие мерки не се почитуваат во угостителските објекти, меѓутоа не е само групирањето во тие објекти или рестораните туку е и групирањето на младите после 22 часот секако придонесува за оваа ситуација. Се поголем е бројот на млади лица инфицирани со корона вирусот, лица помеѓу 20 и 29 години и лица помеѓу 30 и 39 години“, додаде Станимировиќ.

Според Станимировиќ високите бројки на починати се должеле на тоа што станувало збор за постари лица или помлади со коморбидитети. Но исто така овие бројки се должеле и на тоа што во Прилеп се водело детална евиденција колку лица починале од Ковид 19.

„Постарите лица обично се лекуваат дома, доцна доаѓаат на лекар, сите имаат некој коморбидитет и мислам дека меѓу другото и на тоа се должи високата смртност. Понатаму кај на се води доследно евиденција на починатите. Се евидентираат и се пријавуваат сите лица кои починале, без разлика дали починале во болница иилии пак ретко во домашни услови. Мислам дека бројките се должат и на добрата евиденција“, потенцираше Станимировиќ.

Инаку во моментов во прилепската болница хоспитализирани се 77 пациенти, од кои 67 биле на кислородна поддршка. Слободни имало уште 41 место.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи