Сите стануваме свесни дека начинот на којшто живееме, работиме и ги користиме нашите стекнати способности се менуваат, што е специфичен предизвик за секторите каде штосе очекува значително социјално влијание, а тука несомнено се вбројува земјоделството и сродните гранки.
Додека дигитализацијата и технологијата создаваат нови можности за компаниите, тие исто така ја менуваат структурата на организацијата и нејзиниот процес на донесување одлуки. Дигитализацијата им овозможи на деловните субјекти непосредна комуникација и ги однесе деловните субјекти во сосема поинаков предел и потребна е постојана иновација во начините на кои функционираат. Бизнисите сега создаваат системи што ќе го промовираат нивниот дигитален раст, што е еден од најважните фактори, и притоа важноста на дигитализацијата на земјоделските производи не смее да биде занемарена.
Согледувајќи ја промената на живеењето, последиците од Ковид-19 и потребата за промоција и достапност на земјоделските производи и индивидуалните производители на дигиталниот пазар, Локалната Акциона Група Агро Лидер (Кривогаштани), со поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија ја создава е-платформата Домашно.мк.
Водејќи се од мотото дека само Дома си е дома, платформата се фокусира на промоција, маркетинг и продажба на земјоделски производи пред сé, не занемарувајќи ги притоа рачните и уметничките изработки, на поврзување на произведувачите со пазарите, промоција на локалните производи на национално и меѓународно нови, збогатено со промовирање на регионалната литература, уметност, туристички атракции, локалитети, тури и авантури, како и гастрономски ентитети од Пелагонискиот регион.
Платформата овозможува он-лајн продажба на широк избор на земјоделски производи – овошје, зеленчук, органски производи, мед и производи од мед, преработки на производи од растително и животинско потекло, а истовременообезбедува простор за промоција на локалните капацитети од областа на руралниот туризам, влијаејќи на зголемување на информираноста на граѓаните за капацитетите од ваков тип, што директно води кон зголемување на бројот на посетители и обезбедување на нивна одржливост.
Платформата има за цел да ги поврзе локалните земјоделци, производители и автори со потенцијални купувачи, овозможувајќи им директна продажба на производите до крајните купувачи со вклучена достава, без посредници, со можност за остварување на поголем приход од своите активности и производи. Тимот на Домашно.мк соработува со производителите во креирањето на крајниот производ, придружено со обука за пристап и користење на можностите кои ги нуди платформата.Платформата сопственик е на „Беџ за верификуван е-трговец“, којшто го доделува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Во фокусот на Домашно.мк и воспоставениот модел на дигитално пласирање на производи и преработки се жените – земјоделки, а активностите насочени се и кон креирање на предлог решенија за јавни политики кои ги адресираат реалните потреби на жените земјоделки и жените од руралните средини, од аспект на социјалните прават кои им следуваат на жените работнички, а во моментов не се достапни за жените земјоделки, како и исполнување на правата кои им се загарантирани од областа на земјоделската дејност.
https://www.facebook.com/domasno.mk