Љубовта прави чуда и кога е вистинска знае да го победи и времето и границите и далечината.
На скопскиот аеродром се случи средба за каква што се пишуваат романи.
Маж ја пречека својата сакана по 4 години разделеност. Тој ја дочека својата сакана со порака: „Доцниш 1.399 дена“, со солзи во очите, со букет цвеќе и со многу љубов.