Слушнете како звучи ветерот на Марс – НАСА објави аудио снимка од Црвената планета

НАСА го испрати роверот „Персeвиренс“ на Марс, а од него пристигнаа и првите податоци снимени од апаратот „СуперКам“ на роверот.

Овој уред може да ја анализира геолошката структура на Марс на пет различни начини, што ќе им помогне на научниците да изберат карпи од кои роверот подоцна ќе земе примероци за да бара микробиолошки живот, или знаци кои покажуваат дека барем некогаш постоел.

Меѓу првите податоци има звуци од површината на Марс, па можете да слушнете ОВДЕ како звучи ветерот на Марс.

„Звуците се со исклучителен квалитет. Тешко е да се поверува дека научно ќе ги анализираме првите звуци некогаш снимени на површината на Марс“, рече научникот Наоми Мардок.

Покрај природните звуци, микрофонот од „СуперКам“ ќе го детектира и звукот на ласерот што удира во карпите, кој ќе открива информации за цврстината на работите што се испитуваат.

„Aко тропнеме на тврда површина, нема да го слушнеме истиот звук како кога тропаме на мека површина. Земете ги за пример кредата и мермерот. Овие два материјали имаат идентичен хемиски состав (калциум карбонат), но различни физички својства“, објаснува Наоми Мардок од Националниот француски институт за аеронаутика и вселена во Тулуз.

„Персeвиренс“ на 18 февруари слета во кратерот Језеро на Марс за да бара докази за претходен живот. Ова се смета за одлична локација за таква потрага бидејќи речиси сигурно имало езеро пред милијарди години; а каде што имало вода, можеби имало и живот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи