Бројни поплаки од граѓаните до АД Пошта за препорачани писма и пратки

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

До АД Пошта се доставени 420 рекламации за препорачани писма и 9 за пакети, додека кај приватните оператори најмногу рекламации има за пакети, по што следат 92  за препорачани писма, 22 за обични писма, и 4 рекламации за вредносни пакети.

Најголем процент поднесени рекламации до АД Пошта, давателот на универзалната услуга, има за препорачани пратки, додека давателите на поштенски услуги на слободниот пазар најмногу рекламации имаат за услугата пакети, наведува Агенцијата за пошти во статистички извештај за првата половина од 2020 во однос на истиот период од 2019 година.

Анализата од Извештајот покажува опаѓање од 15% на вкупниот обем  на поштенските услуги за првото полугодие во 2020 година во однос на истиот период во 2019 година. Опаѓањето е резултат на намалување на обемот и кај давателот на универзална услуга за 16% и кај давателите на поштенските услуги за осум проценти.

„Кај давателот на универзалната услуга се бележи намалување на скоро сите услуги, и тоа во рамките на универзалната услуга од 16 проценти. Пратките за коресподенција како услуга која треба да биде достапна до сите корисници, бележи опаѓање исто така за 16%. Пандемијата најмногу се почувствува во делот на обезбедување на оваа услуга, посебно имајќи го предвид фактот дека меѓународниот сообраќај беше затворен неколку месеци“, се наведува во Извештајот.

Регистрирано е зголемување на пакетските услуги (мали пакети + пакети) за 56%, како резултат на големата понуда на онлајн услугите и нивното користење од страна на корисниците.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи