ВИДЕО – Николоска: Наскоро тестирање и во Прилеп, очекуваме зголемување на бројот на заразени

 

Во периодот од 8 до 14 февруар 2021 година бројот на новозаразени во општина Прилеп е 379. Ако се земи бројката од претходната недела, од 1 до 8 февруари која изнесуваше 312 новозаразени, тоа покажува дека процентуално од 20 до 25% е зголемен бројот на новозаболени само за една недела. Бројот на починати за една недела е 14, а вкупната бројка на активни случаи во моментот е 804. Истакна Драгица Николоска, директорка на Центар за јавно здравје Прилеп.

 

 

„Ако земиме во предвид дека британскиот сој е веќе доминантен 100% во општина Прилеп, тоа значи дека би очекувале и во наредниот период постојано зголемување на бројките, затоа што е многу позаразен.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број на позитивни регистрирани  случаи на ковид изнесува 6.122, а бројот на починати од почетокот на пандемијата е 284.

Нешто што би сакала да ја информирам јавноста е дека во рамките на Центарот за јавно здравје Прилеп комплетно е реорганизиран просторот во микробиолошката лабораторија и е комплетно опремена молекуларната лабораторија со опрема и кадар, која што би започнала со тестирање на ковид позитивни пациенти, суспектни на ковид во рамките на нашиот Центар. Во крајна фаза е завршување на тендерската постапка за набавка на реагенси, со што би ја информирале јавноста кога би започнале со тестирање.

Во моментот од прилика на еден ден се прават од 100 до 130 тестови не само во Центар за јавно здравје Прилеп, туку и со брзите антигенски тестови во Здравствениот дом, а исто така и на инфективното одделение во Општа болница „Борка Талески“.

Тестирањето би значело дека, не знам колку сте информирани но брисевите се носат во Институтот за јавно здравје и се чекаат информации во текот на денот. Тогаш граѓаните би можеле да се тестираат овде во Прилеп и резултатите би ги добиле во текот на 24 часа. Исто така и оние кои се тестираат за патување во странство истите тестирања ќе се прават во Центарот за јавно здравје“, истакна Николоска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи