„Слободен печат“ објавува дека го има целосниот извештај од 10 страници од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот на медицинската сестра од Дебар, Јалдз Веапоска на која што при породување, и биле извадени матка, бубрег и јајник. „Слободен печат“ со дозвола од пациентката го објавува извештајот од Лекарската комора.
Во изјавата што директорот и гинеколог во струшката болница, доктор Мухамед Асани ја дал пред членовите на Лекарската комора, кажува дека родилката ја породил со машко бебе, иако всушност, бебето е женско.
Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот.
,,Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија” пишува во извештајот.
Покрај тоа што во извештајот пишува дека имало крварење од артерија на левата страна и затоа бубрегот морало да биде изваден, петчлената заштитена комисија на Лекарската комора официјално сооппшти дека не е пронајдена лекарска грешка.